1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Супер Месечината го осветли светот

БГ
14 ноември 2016

Најсветлата Месечина во последните 69 години го осветли небото ширум светот неделава. За набљудувачите на ѕвездите вистинско уживање. Уживајте во спектакуларните фотографии од несекојдневната убавина.

https://p.dw.com/p/2Sewe
Großbritannien Supermond
Фотографија: Reuters/R. Naden

Најголемата и најсветла полна Месечина во последните 69 години е сензација низ целиот свет. Астрономите велат дека Месечината деновиве е поблиску до Земјата од било кога во последните седум децении. Од НАСА соопштија дека Месечината делува 14 проценти поголема, и 30 отсто посветла од вообичаено. 
Денеска околу пладне по средноевропско време, Месечината ќе мине на 348,400 километри оддалеченост од земјината топка, што е за 35 илјади километри поблиску од вообичаено. Следната шанса да се види полна Месечина на толкава оддалеченост од Земјата ќе биде во 2034 година.