1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Републиканец ќе биде нов гувернер на Вирџинија

СН/агенции
3 ноември 2021

На изборите за гувернер на сојузната држава Вирџинија победил републиканецот Глен Јангкин. Тежок неуспех за претседателот Бајден и неговите демократи, зашто изборите се сметаат за тест за популарноста на владата на САД.

https://p.dw.com/p/42Vjo
Наскоро ќе седне на гувернерското столче во Вирчинија: Републиканецос Глен Јангкин
Наскоро ќе седне на гувернерското столче во Вирчинија: Републиканецос Глен ЈангкинФотографија: Andrew Harnik/AP Photo/picture alliance

Републиканецот Глен Јангкин е избран за нов гувренер на Вирџинија, поразувајќи го гувернерот Тери Меколиф во деморализирачки неуспех за демократите пред конгресните избори наредната година.

Американските медиуми Си-Ен-Ен и Ен-Би-Си објавија проекции дека Јангкин победил на гласањето во сојузната држава.

Поразениот кандидат за гувернет на Вирџинија од редовите на демократите: Тери Меколиф
Поразениот кандидат за гувернет на Вирџинија од редовите на демократите: Тери Меколиф Фотографија: Steve Helber/AP Photo/picture alliance

Јангкин, републикански тајкун кој никогаш порано не бил на избрана функција, беше политички аутсајдер додека се обидуваше да ги собере гласачите во предградијата за горливите прашања како што се како да се справи со дебатата за расизмот во училиштата и задолжителното носење маски во училниците.

Овој 54-годишник скокна во анкетите во неделите пред изборите, намалувајќи ја разликата со Меколиф, со освојување на независните и женските гласови. Овие групи се покажаа важни за неговата победа во јужната сојузна држава која во последните неколку години беше демократска.

Поранешниот претседател Доналд Трамп, кој го поддржа Јангкин, загуби во Вирџинија во својата кандидатура за повторниот претседателски избор во 2020 година со разлика од  10 проценти во однос на Џо Бајден.

Исходот од изборите за гувернер нашироко се доживува како претскажување за конгресните избори во 2022 година. Тие ќе ја одлучат контролата во американскиот Конгрес, а со тоа и иднината на политичката програма на претседателот Џо Бајден.

Јангкин ќе го наследи демократскиот гувернер во заминување Ралф Нортман. Според законот на Вирџинија гувернерите не можат да држат последователни мандати. 64- годишниот Меколиф  беше гувернер од 2014 до 2018 година. Тој на секој чекор најстојуваше да го поврзе Јангкин со Трамп. Неговиот пораз може да сигнализира дека демократите не можат да сметаат на натпревар против поранешниот претседател кога тој не е врвот на гласачките листови.