1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Регистерски таблички ги скараа Косово и Србија

БГ /АП
20 септември 2021

Одлуката на косовските власти да воведат реципроцитетна мерка за замена на српските таблички со косовски при влез во државата, предизвика тензии и блокади на граничните премини на северот.

https://p.dw.com/p/40Zgn
Kosovo Jarinje | Polizeiaufgebot an der Kosovo- serbischen Grenze
Блокада на граничниот премиер Јариње меѓу Косово и СрбијаФотографија: Bojan Slavkovic/AP/picture alliance

Тензии на границата меѓу Косово и Србија, откако косовската влада упати дополнителни полициски сили за имплементација на одлуката за отстранување на српските регистерски таблички од автомобилите кои влегуваат во нивната држава. Локалните Срби протестираат и поставија барикади на патот.
Припадници на специјалната косовска полиција со оклопни возила се упатија кон границата откако стотици косовски Срби со автомобили и камиони направија блокада на патот кој води до граничниот премин.

Српската полиција досега им ги одземаше регистерските таблички на косовските возила при влез во Србија, па последниот потег на Приштина се правда како реципроцитетна мерка.

Косовските власти соопштија дека од понеделник, 20 септември, регистерските таблички ќе бидат заменувани со привремени и дека дополнителните полициски сили се разместени за имплементација на „реципроцитетот“.

Курти: Ова е наметната мерка

Косовскиот премиер Албин Курти вели дека Србија е таа што прва вовела ваква мерка. Тој додаде дека потегот на Приштина не ја ограничува слободата на движење и не е насочена кон Србите.

Kosovo Jarinje | Polizeiaufgebot an der Kosovo- serbischen Grenze
Припадници на косовската полиција патролираат покрај барикада на локалните Срби кај преминот ЈарињеФотографија: Bojan Slavkovic/AP/picture alliance

„Ние не баравме привремени регистерски таблички, но тие беа наметнати од другата страна. Се додека нашите граѓани мораат да плаќаат за таблички кога влегуваат во Србија, тие ќе бидат користени и од наша страна“, рече Курти. 

-повеќе на темата: Косово-Србија: Разграничување е друго име за поделба

Портпаролот на Европската комисија Петер Стано ги повика двете земји „итно и без одложување“ да покажат воздржаност и да се откажат од унилатерални акции.

„Слободата на движење е една од темелите на ЕУ и очекуваме од Косово и Србија да промовираат слобода на движење во регионот“, рече тој.

Ракиќ: Закана за Србите

Белград и Приштина се согласија во 2014 година да дозволат слободно движење. Косовските власти велат дека договорот истекол и дека сега на нивна територија важат само косовските симболи.

Во Белград, претседателот Александар Вучиќ за вторник свика седница на Советот за безбедност.

Косовските Срби денеска целосно го блокираа пристапот до граничните премини Брњак и Јариње со автомобили и камиони во знак на протест.

Кон протестите се приклучи и единствениот српски министер во косовската влада, Горан Ракиќ и ја повика Приштина „да престане со провокации“. Според него, овој потег е директна закана за Србите кои живеат на Косово.

Живот во Србија, погреб на Косово