Терористички напад во Виена, повеќе жртви и повредени
2 ноември 2020Во терористички напад, кој се уште е во тек, во австрискиот главен град Виена најверојатно има повеќе жртви и повредени, потврди министерот за внатрешни работи Карл Нехамер. Тој вели дека властите се сомневаат дека повеќе осомничени напаѓачи се вмешани во нападот и се уште се активни.
Од жителите се бара да останат во своите домови.
Првичниот напад веројатно се случил во близина на градската Синагога, иако останува нејасно дали синагогата била цел на нападот. Синагогата веќе била затворена кога започнал нападот.
Австриската новинска агенција АПА јавува за еден убиен напаѓач и за уште еден кој е во бегство.
Во центарот на градот е запрен јавниот сообраќај, а полицијата бара од граѓаните да не објавуваат видеа од настаните за да не ги загрозуваат животите на полицајците.