1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тесна трка меѓу политичките партии во Хрватска

24 ноември 2003
https://p.dw.com/p/AdNi

Парламентарните избори во Хрватска се проследени со рамноправна трка меѓу сегашната Социјално - либерална владина коалиција и Национално конзервативната опозиција. Најсилна партија во парламентотот повторно ќе биде досегашната опозициона Хрватска демократска заедница ХДЗ, на чело со шефот на партијата Иво Санадер, која доби значителен број гласови. Наспроти ова загуби најголемата владеачка партија, Социјал- демократската партија на премиерот Ивица Рачан. Но како и да е СПД има посилни потенцијални коалициони партнери отколку ХДЗ. Известува Клаус Даман.

Многу набљудувачи предвидуваа крај на Хрватсаката демократска заедница по смртта на Фрањо Туџман. На следнитте избори, таа едвај стана втора партија во парламентот. Повеќепартиската коалиција со социјал демократите и Ивица Рачан на врвот го презеде правото за формирање влада. Еден дел од ХДЗ се отцепи.

Четири години подоцна партијата повторно се враќа на сцената.: На вчерашните парламентарни избори по пребројување на околу 90 проценти од гласовите, таа доби 75 мандати. Кандидатот на ХДЗ Иво Санадер веќе се прогласи за победник на изборите. Тој е сигурен дека претсредателот Месиќ ќе му го додели мадатот за формирање влада.

" Логично е претседателот да разговара со најсилната партија. Очекувам да разговараме во најскоро време. Имено ова е тоа што избирачите го посакуваат. Верувам дека брзо ќе се согласиме за мандатот. Потоа ќе воспоставам контакти со потенцијални коалициони партнери. "

Во обзир доаѓаат националистичката ХСП, Социјално либералнта ХСЛС и Демократскиот ценртар ДЦ, кој се отцепи пред 4 години од ХДЗ.

Но и сегашната коалиција во моментов се уште нема доволно гласови за да може да формира влада. Според досегашните резултати Социјал демократиете со нивнните коалициони партнери освоија се' на се' 63 места.

Кај премиерот Ивица Рачан, кој истапи пред камерите во Загреб, не се забележуваше оптимизам во врска со добивање на мнозинство за формирање на влада:

"Доколку на крајот се потврдат овие резултати, тогаш тоа ќе значи дека нема да имаме доволно гласови, за формирање валадина коалиција. Во тој случај, јас во името на Социјалдемократите, ќе им честитам на оние кои најверојатно ќе формираат влада. Потоа на хрватските граѓани ќе им посакам среќа и успех со новата влада - доколку и овие резултати се покажат како конечни."

На крајот многуте мали партии ќе имаат одлучувачко значење: Во обзир доаѓаат и претставниците на осумте малцинства кои повеќе тендираат околу Рачан. Според сегашната состојба три места најверојатно ќе добие и пензионерската партија.Таа е една од многубројните мали партии, за кои се уште е нејасно на која политичка страни и припаѓаат. Конечните резулати се очекуваат во текот на денов. Во губењето на гласовите се отсликува незадоволството на народот во однос на лошата економска состојба во Хртватска. На ова се надополнува и демократскиот правец на ХДЗ предводен од Санадер и ветувањето за брз влез во ЕУ. На овој начин партијата се приближи до програмата на социјалдемократите, кои во изминатите 4 години имаа надворешно - политички успеси но потклекнаа на економски план.