1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тешка железничка несреќа во Јужна Италија

ЖА/ртре/дпа12 јули 2016

Во судир на два патнички воза во Италија загинаа над десет лица. Нејасно е како се случила несреќата на дел од железничка пруга со еден колосек.

https://p.dw.com/p/1JNgk
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/Italian Firefighter Press Office

Во колизијата на два патнички воза во Јужна Италија има повеќе од десет жртви. Според портпарол на Пожарникарската служба, постојат повеќемина повредени патници. Несреќата се случила на делница од железничката пруга со еден колосек меѓу градовите Корато и Адриа во регионот Апулија.

Од авионска снимка се гледаат уништените вагони, набиени еден во друг од силината на ударот. Остатоци од возовите се распрснати во широк круг околу местото на судирот, Италијанскиот премиер Матео Ренци вети што поскоро разјаснување на причините за несреќата.

Погледнете го видеото:

Судир на два воза во Италија