Техника
Тивката смрт на телефонските говорници
20 ноември 2019Реклама
За „хомо дигиталис“, израснат со смартфон, телефонските јавни говорници станаа непотребни градски реквизити, тие изумираат. Но, со нив исчезнува и дел од историјата. Во сеќавањето на постарите генерации, израснати пред 2000. година, јавните телефонски говорници имаат посебно место. Нив порано ги имаше на речиси секој агол по улиците, понекаде и неколку една до друга. Во Германија постојат уште 17.000 телефонски кабини на Телеком, а во Швајцарија пак на пример, на крајот на овој месец тие дефинитивно заминуваат во минатото.