Фотографија на денот: Топлотен бран
29 јули 2021Поради топлотниот бран, Владата објави препораки, меѓу кои и ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението. Од единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран се бара да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници.
Од Министерството за здравство се потсетува и на општите мерки за заштита на здравјето. Меѓу другото, се препорачува да се остане повеќе во затворени простории, да се носи светла и лесна облека, да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалоци. Од МЗ посочуваат и дека здравствените установи се подготвени со доволен број капацитети (хумани, просторни) и медикаментозна терапија за евентуално справување со зголемен број на лица со штетни ефекти по здравјето од високите температури.