Традиционална храна и локални производи
9 јануари 2020Жените во Чиапас сѐ уште секој оброк го подготвуваат сами. Готват секојдневно, сеедно дали имаат 30 или 90 години. Тие користат само локални производи и се грижат семејствата да имаат балансирана и здрава исхрана. Но, нивната традиција е загрозена.
Дел од локалната храна и од традиционалните земјоделски методи почнуваат да исчезнуваат. Загрозен е биодиверзитетот во регионот. Кевин Алан Фарера Енрике од невладината организација ДАИ објаснува:
„Во околинава, на пример, црната, црвената и шарената пченка почнаа да исчезнуваат. Веќе не виреат толку многу. Сакаме да ги оживееме повторно овие видови пченка и да ги реинтегрираме во земјоделството.“
Невладината организација ДАИ ги охрабрува земјоделците да одгледуваат локални сорти растенија, а не да купуваат индустриски произведени семиња. Пченката ја култивирале индигените народи во Мексико пред илјадници години. Тоа е традиција која ДАИ сака да ја зачува за и во иднина да има разноликост на видови на пченка.
Тие ги охрабрија мештанките да направат своја книга за готвење, со рецепти базирани врз локални производи. Секоја од жените требаше да го даде својот омилен рецепт, опишувајќи точно кој локален производ го користи.
Книгата за готвење се делеше бесплатно во регионот и може да се најде и онлајн.