1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп е горд што не започнал војна

Кристијан Валц
20 јануари 2021

Американскиот претседател на заминување во својот проштален говор ја фалеше работата на својата влада и и' посака среќа на идната администрација.

https://p.dw.com/p/3o9V7
Symbolbild USA Trump Abschied
Фотографија: Carlos Barria/REUTERS

„Неделава почнува со работа со нова влада и се молиме за нејзин успех, за Америка да остане безбедна и богата“, изјави претседателот во заминување Доналд Трамп во својата видеопорака од Белата куќа. „Им посакуваме се' најдобро и сакаме да имаат среќа.“

Во 20-минутниот говор Трамп не го спомна ниту еднаш името на својот наследник Џо Бајден.

Тој не штедеше пофалби за работата на својата влада: „Заедно со милиони работливи патриоти во целата земја создадовме најдобро политичко движење во историјата на оваа земја. Изградивме и најдобра економија во историјата на светот.“

Трамп нагласи дека е особено горд што е „првиот американски претседател со децении кој не започнал нови војни“. САД се повторно „почитувани“ во светот, оцени Трамп и на новата влада и' порача: „Ве молам немојте да ја загубите таа почит.“

Повеќе:

Фотографија на денот: Капитол пред инаугурацијата

Над 20.000 гардисти ќе ја обезбедуваат инаугурацијата на Бајден

Како Трамп со говорот ги манипулира своите приврзеници

Трамо даде позитивна оценка и за својата борба против пандемијата на корона - токму на денот кога бројот на регистрирани смртни случаи од корона во САД го надмина прагот од 400.000. Тој особено ја потенцираше брзината со која била направена вакцината против вирусот.

Трамп во говорот не го призна својот пораз на изборите на 3 ноември 2020. Тој нема да присуствува на инаугурацијата на новиот претседател Џо Бајден во Вашингтон. Неколку часа претходно со претседателскиот авион заминува на својот имот во Флорида.

Непосредно пред крајот на својот мандат, Доналд Трамп помилува над 70 лица, меѓу кои и поранешниот главен стратег во Белата куќа, Стив Бенон.

ARCHIV USA Steve Bannon
Стив Бенон беше еден од најважните советници на Доналд Трамп, но истовремено и најкронтроверзниотФотографија: Reuters/J. Roberts

Некогашниот близок соработник на Трамп требаше во мај да одговара пред суд поради обвинувања за проневера на пари во случај со онлајн акција на донирање средства за изградба на ѕид со Мексико, проект кој го туркаше Доналд Трамп. Бенон е осомничен за проневера на повеќе од милион долари. Обвинителството го товари за заговор за перење пари и измама при трансфер на средствата. Бенон беше уапсен минатото лето, но се изјасни како невин и рече дека е жртва на политички прогон. Подоцна беше пуштен од притвор со кауција.