1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Трамп е позитивен на корона - реалноста го возвраќа ударот

Инес Пол
2 октомври 2020

Демонстративно ретко носи маска и ја минимизираше опасноста од Ковид-19, а сега Трамп и самиот е инфициран. Неговиот однос кон корона-пандемијата ќе биде пресуден за исходот на претседателските избори, смета Инес Пол.

https://p.dw.com/p/3jKCX
USA | Pennsylvania | Trump Wahlkampfauftritt in Old Forge
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/J. Minchillo

Доналд Трамп со месеци ги потценуваше опасностите од Ковид-19, се потсмеваше на луѓето кои се обидуваат да се штитат со маски, потенцијално смртоносната болест ја прогласи за измислица на демократите и тврдеше дека нема сѐ да биде толку лошо, но сега и самиот се зарази.

Иако толку кратко по соопштувањето на позитивната дијагноза уште е непредвидливо дали и колку тешко е заболен 74-годишниот претседател, последиците врз политичката кампања кратко пред изборите се јасни: тие се катастрофални.

Без обѕир кон загубите

Сите обиди да го сврти вниманието од своите сопствени неуспеси, да го минимизира фактот што не постои сѐофатен национален план за заштита на луѓето, што гувернерите се препуштени сами на себе и што во меѓувреме преку 200.000 Американци починаа поради вирусот, веќе од сега се непотребни.

Реалноста ја скрши лажната конструкција на претседателот. Нему и на неговиот штаб нема да му успее да ги извртува работите, насилните протести во некои градови да ги претставува за поопасни од фактот што дневно од коронавирус умираат илјада Американци.

Ines Pohl Kommentarbild App
Инес ПолФотографија: DW/P. Böll

Со сета сила и без обѕир кон загубите, Доналд Трамп се обидуваше уште пред изборите во одредени граници повторно да ја заживее економијата. Со неговат сегашна дијагноза и овој план е слаб. Дури и најголемите корона-негатори нема да можат и натаму да тврдат дека вирусот не е високо заразен, кога го достигна дури и најмоќниот човек во Белата куќа. Земјата на овој 2 октомври е повеќе од било кога оддалечена од нормалност, на која Трамп толку трескавично се надеваше. 

Злоба и теории на заговор

Непосредно по обелоденувањето на неговото инфицирање, врз претседателот се изли бран злоба. Тоа оди дотаму што курсираат теории на заговор дека тој ја измислил својата болест само за да го одвлече вниманието од мизерните вредности на неговата популарност.

Повеќе:

Доналд Трамп и Меланија имаат Ковид-19

Теорија на заговор: КјуАнон во подем

Корона-кризата донесе глад во Холивуд

Трамп: Човекот Анти-маска

Трамп може да се справи со тоа, претседателот на „алтернативни факти" е навикнат на такви нешта. Но, не и на загубата на сопствено креираната слика за човек кој „пука од здравје". Зашто, во спротивно не останува многу нешто.

Бајден одеднаш не е стар, туку претпазлив

По првиот телевизиски дуел меѓу претседателските кандидати, главен аргумент на симпатизерите на Трамп беше дека тој е јасно во подобра здравствена и телесна кондиција и со тоа посоодветен за напорната функција како претседател на САД од неговиот предизвикувач. Ако Џо Бајден не се инфицирал исто така за време на дебатата, овој аргумент, барем во идните недели, веќе не важи. Сега нема во преден план да биде поодминатата возраст на Бајден, туку неговата старечка мудрост која се огледа во адекватна претпазливост. 

Еден изнемоштен претседател Трамп нема веќе многу да понуди. А посебно не - вистински рецепт за постапување со опасната инфективна болест.

Пристојноста налага на Доналд Трамп и на неговата сопруга Меланија да им се посака сѐ најдобро во идните денови.