1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп се дистанцира од својот министер за правда

ЕМФ / дв
20 јули 2017

Американскиот претседател Трамп смета дека одлуката на министерот за правда Сешнс да се држи настрана од истрагата за врските со Русија поради пристрасност е „екстремно нефер“.

https://p.dw.com/p/2gqTu
USA Vereidigung Jeff Sessions als Justizminister | mit Donald Trump
Џеф Сешнс и Доналд Трамп по полагањето заклетва на министерот за правда во февруари годинаваФотографија: Reuters/K. Lamarque

Во интервју за „Њујорк Тајмс“ американскиот претседател Доналд Трамп изрази жалење што Џеф Сешнс воопшто го номинирал за функцијата министер за правда. Изјавата на Трамп доаѓа неколку месеци по одлуката на Џеф Сешнс поради пристрасност да се држи настрана од истрагата на сојузната полиција ФБИ за контактите на изборниот тим на Трамп со Русија.

Сешнс како сенатор и советник на Трамп во предизборната кампања повеќепати се сретнал со рускиот амбасадор Сергеј Кисљак. Премолчувањето на ваквите контакти во текот на постапката на номинација, предизвика незадоволство во земјата. Сешнс потврди дека имал средби дури откако печатот пишуваше за нив. Освен тоа, тој тогаш формално се повлече од истрагата за контактите со Русија која ја води ФБИ.

„Сешнс никако не смееше да се повлече поради пристрасност, а доколку сакаше тоа да го стори, требаше тоа да ми го каже пред да ја прифати функцијата“, рече американскиот претседател Трамп за „Њујорк Тајмс“, додавајќи: „Во тој случај ќе изберев некој друг.“. Според Трамп, однесувањето на Сешнс кон него е „екстремно нефер“. „Како можеш да се прифати некоја работа, а потоа да се повлечеш поради пристрасност?“, прашува Трамп.

Американскиот претседател е под огромен притисок поради контактите на неговиот изборен тим со Русија. Истраги за аферата со Русија водат неколку комисии во Конгресот, како и ФБИ испецијалниот иследник Роберт Милер, кој е поставен од страна на Министерството за правда.