Трамп се жали од Германија
11 јули 2018На средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини Германија дека поради зависноста од руски гас е „заложник на Русија“. Тој во Брисел критикуваше дека Германија на Русија ѝ дава „милијарди долари“ за гас, а потоа сака преку НАТО да се заштитува од Русија, без притоа самата да одвојува доволно пари за одбрана.
Трамп, кој на појадокот со Столтенберг возбудено ја критикуваше Германија без прекин околу пет минути, рече дека смета оти однесувањето на Германија е несоодветно и дека за тоа мора да се разговара.
Еве што, меѓу другото, рече Трамп:
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг не можеше да ја запре тирадата на Трамп. Успеа да уфрли само дека „и покрај разликите во мислења“, на сојузниците во НАТО секогаш им успевало да се усогласат за суштинската задача на алијансата. Дури и во Студената војна постоела трговија со СССР, рече Столтенберг.
НАТО-членките во 2014 година на самитот во Велс си поставија за цел во рок од една декада да ги зголемат своите издатоци за одбраната „во насока на 2 процента“ од БДП. Трамп тоа го интерпретира како обврска и настојува тоа да се постигне до 2024 година, притоа обвинувајќи ги Германија и други сојузници дека сакаат да се заштитуваат на трошок на САД.
Германските издатоци за одбрана годинава ќе изнесуваат најверојатно 1,24% од БДП, а целта на Меркел е зголемување на 1,5% до 2024 година.