1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп се заканува со „вонредна состојба“ и го откажа Давос

ЕМФ / дв
11 јануари 2019

Светскиот економски форум во Давос е задолжителен термин за секоја индустриска нација. Американскиот претседател сега го откажува учеството поради кавгата околу ѕидот кон Мексико и „шатдаунот“.

https://p.dw.com/p/3BMue
USA Shutdown l Präsident Donald Trump wirbt in Texas für die Mauer
Фотографија: Reuters/L. Millis

САД се на пат кон најдолгата блокада на буџетот, т.н. „шатдаун“, во својата историја. Доколку блокадата продолжи и по денешниот ден, тогаш ќе биде соборен рекордот од 1996 година, во времето на Бил Клинтон. Претседателот Доналд Трамп ги обвини опозициските демократи за ситуацијата и го откажа својот пат во Давос, Швајцарија, на Светскиот економски форум.

Поради немањето разбирање на демократите по прашањето на граничната безбедност и големото значење што тоа ја има за безбедноста на земјата, го откажувам патувањето, напиша Трамп на Твитер.

Форумот во Давос се одржува од 22 до 25 јануари. Жестокиот судир околу буџетот помеѓу Претседателот и опозициските демократи од 22 декември ги парализира сојузните институции, музеи и други јавни установи во САД.

Повеќе: Кавга на средбата на Трамп со демократите

Трамп на границата со Мексико

Американскиот претседател во меѓувреме ја посети граничната станица Мекален, на границата со Мексико, и уште еднаш оцени дека има „енормен прилив на илегални доселеници, како и трговија со дрога и луѓе“, кои се одвиваат преку границата со Мексико и мора да бидат запрени.

USA Shutdown l Präsident Donald Trump wirbt in Texas für die Mauer
Фотографија: picture alliance/AP Photo/E. Vucci

Припадници на безбедносните сили пред Трамп прикажаа дрога, оружје и пластични кеси со пари, за да илустрираат што сѐ се запленува на границата. Припадници на хуманитарни организации на оваа гранична станица, меѓутоа, прикажуваат поинаква слика. „Вистината е дека најголемиот дел од луѓето кои сакаат да дојдат во нашата земја не се криминалци“, изјави сестра Норма Пиментел од една католочка хуманитарна организација. „Тоа се семејства, деца, мајки (...) Тие не доаѓаат за да ни наштетат, туку за ние да им помогнеме.“

Повеќе:Трамп ја турка Америка во ѕид 

Независно од ваквите оценки, Претседателот уште еднаш, и тоа уште поенергично, се закани со прогласување „вонредна состојба“ доколку демократите не се покажат подготвени да дадат зелено светло за од негова страна бараните 5,7 милијарди долари (околу 5 милијарди евра) за изградба на ѕид кон Мексико. Доколку биде прогласена вонредна состојба Трамп би имал широки овластувања и би можел да се обиде да го реализира својот проект без согласност од Конгресот. Претседателот тврди дека сака да постигне согласност со демократите по пат на преговори, но потенцира дека доколку тоа не успее, тој веројатно ќе се одлучи за прголасување вонредна состојба. „Би рекол дури (дека ќе биде така, н.з.) и дефинитивно“, рече Трамп.