Тридневна жалост во Авганистан
7 ноември 2007Реклама
Во Авганистан е прогласена тридневна жалост по досега најголемиот самоубиствен напад во градот Баглан. Според последните информации во нападот загинале 60 лица меѓу нив и деца. Загинаа и шестмина пратеници кои беа цел на нападот. Тие присуствуваа на официјална церемонија на отворање на фабрика за шеќер. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун и американската влада го оценија нападот како грозен чин.