1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тројца пратеници во затворски, тројца во домашен притвор

БГ
5 декември 2017

Тројца од шестмината пратеници кои се осомничени од Јавното обвинителство во истрагата за упадот во Собранието на 27 април добија 30 дневен притвор од судот, додека тројца нема да смеат да го напуштат својот дом.

https://p.dw.com/p/2onqP
Mazedonien Proteste im Parlament in Skopje
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски добија мерка притвор од 30 дена на денешниот распит во Кривичниот суд во Скопје. Тројцата нивни колеги од законодавниот дом, Жаклина Пешевска и Јохан Тарчуловски од ВМРО-ДПМНЕ, како и Љупчо Димовски од Социјалистичката партија добија мерка домашен притвор. Тие имаат право на жалба во следните 24 часа.

Повеќе на темата: 

Пратеници се бранат: Таа снимка, не е снимка!

Одобрено одземањето на имунитетот на собраниските „вратари“

Љупчо Димовски: Не бегам, не се кријам, сам ќе се јавам во Судот

Јавното обвинителство осомничи 36 лица за делото „терористичко загрозување на уставниот поредок“ поради упадот и крвавото насилство во Собранието на 27 април годинава. Пратениците кои се осомничени од обвинителството се појавија на видео снимки од безбедносните камери кои го регистрирале нивното движење на критичниот ден. Неколкумина од нив можат да се видат како ги отвораат вратите на Собранието и ги насочуваат луѓето од толпата кои влегуваат во парламентот.

Кои пратеници помагаа во упадот во Собранието

Од ВМРО-ДПМНЕ веќе неколку дена протестираат против одземањето на имунитетот на нивните пратеници и заканата од одредување на мерката притвор. 

Во петокот, на 1декември, Собранието со мнозинство гласови изгласа одземање на имунитетот на пратениците, откако ден претходно таквата одлука мина и во Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.
Осомничените пратеници подолго време тврдат дека немале никаква улога во упадот во Собранието.