1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Турција и сириската сложувалка

Керстен Книп
22 јануари 2018

Со нападот врз позиции на курдската милиција ЈПГ во Сирија, Турција ги налути западните партнери- во прв ред САД. Русија ги поддржува воените операции зашто тие конечно се од полза за Асад и Иран.

https://p.dw.com/p/2rHLU
Türkei Grenze Syrien Artilleriebeschuß Operation Olivenzweig
Фотографија: Getty Images/AFP/B. Kilic

Првиот човек на Турција искажа решителност: Со божја волја, операцијата против курдската милиција ЈПГ на северот на Сирија ќе заврши брзо. „Тие ќе бегаат и ние ќе ги растераме сите заедно“, рече тускиот претседател Реџеп Таип Ердоган. 

Борбената реторика соодветствува на решителното дејствување на турската војска. Во рамките на т.н „Операција маслиново гранче“ армијата, според сопствени наводи, со ракети нападна повеќе од 150 позиции на милицијата ЈПГ. Притоа се погодени и магацини со оружје. Според курдски извори во нападите се убиени најмалку десет луѓе, меѓу нив и цивили. 

Нападот врз позициите на ЈПГ доаѓа во време, во кое Ердоган како внатрешно така и надворешно-политички се наоѓа под огромен притисок. Уште во декември тој со остри зборови говореше за сирискиот претседател Башар Ал-Асад, кого се обидува политички да го обезвласти уште од почетокот на сирискиот бунт во 2011 година.

Повеќе на темата:

-Турција ги налути Американците

-„Несовладливи“, но неединствени - Трамп и Ердоган
-Путин и Ердоган - вистински пријатели?

Ердоган под притисок

Острите зборови ја отсликуваат не само политички незгодната ситуација во која се наоѓа Ердоган, пишува интернет магазинот Ал-Монитор, специјализиран за политиката на Блискиот Исток. Турција, според магазинот, во изминатите години преживеа цела редица надворешно политички кризи. Во сите нив Ердоган тестираше, колку далеку може да оди во овие конфликти. Но сега, со оглед на среднорочно осигураната иднина на Асад, имиџот на Ердоган е ослабен. „Затоа Анкара целата нејзина сила ја насочува против сириските сили и го означува Асад, најслабата алка во синџирот, како терорист“, пишува Ал-Монитор. Овој маневар не е насочен само против сирискиот претседател, туку и за повторно да се регулираат честопати тешките односи со другите земји.

Türkei Präsident  Recep Tayyip Erdogan in  Kutahya
Фотографија: picture-alliance/abaca/K. Ozer

Но токму во офанзивата против ЈПГ се покажува дека големиот број конфликти повеќе не дозволува едноставни решенија. Непријателот на мојот непријател ми е пријател- оваа формула барем кога станува збор за Сирија повеќе не важи. Зашто колку што САД и Турција се единствени кога е во прашање Асад, толку се спротиставени во нивниот однос кон сириските Курди. Вашингтон веќе подолго време во нив гледа доверлив партнер во борбата против џихадистичките организации во Сирија. Сега владата на Трамп планира од нив и од секуларните противници на Асад да  создаде трупи за заштита на границата, кои би требало да бројат околу 30 илјади луѓе и да спречат повторно распламтување на џихадистичко насилство. 

Претерани стравувања

За Турција овој чекор не е прифатлив, бидејќи во Анкара милициите на ЈПГ важат за терористички здруженија.  Нивно воено опремување од страна на САД ќе ги направи етаблирана и де факто легитимирана сила, со влијание и надвор од Сирија. Покрај тоа ЈПГ во текот на војната во Сирија под своја контрола стави најголем дел од сириско-турската граница. во моментов 700 од вкупно 900 километри. Доколку ЈПГ долгорочно ја држи границата под своја контрола, тогаш, според мислењето на Анкара, директно пред врата ќе стои непријател кој тешко може да се контролира.

Курдите ги сметаат за претерани овие стравувања на турската влада: „Турција новите трупи за заштита на границата ги користи како изговор за да го нападне Африн“, изјави портаролот на ЈПГ, Нури Махмуд. Тој претпоставува дека Турција не сака воено да дејствува само против ЈПГ туку и против нејзиниот сојузник „Партијата за демократска унија“. „Турската влада не сака нашиот демократски модел да се прошири во регионот“, вели Махмуд.

Türkei beginnt Offensive Operation Afrin in Syrien
Фотографија: picture alliance/abaca/Depo Photos

Тензии со Западот

Со воените акции, членката на НАТО Турција ги врти против себе западните земји. Франција веќе побара вонредна седница на Советот за безбедност на ОН. Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан на Твитер објави дека во телефонскиот разговор со турскиот ресорен колега Мевлут Чавушоглу побарал сеопфатен прекин на огнот и безусловен пристап за хуманитарната помош.

САД пак цврсто се држат до поддршката за ЈПГ, зашто со тоа тие следат и уште една друга политичка цел: Вашингтон имено сака да го намали влијанието на Иран во Сирија. Овој дел во трупите за заштита на границата би требало да го преземат во прв ред умерените противници на Асад. Министерот за надворешни работи Рекс Тилерсон на средината на минатата недела изјави: „Иранскиот сон за создавање на лак во насока на север не смее да се оствари“.

Москва ги поддржува постапките на Анкара

Русија од другастрана се согласи со туската офанзива против ЈПГ, зашто заедно со Иран е најважна земја-заштитник на Асад. Затоа и нема интерес иранското влијание во Сирија да биде истиснато.

Линиите на поделба и конфликтите се вкрстуваат и се чини дека повеќе не можат да се решат по воен пат.