Убедлива победа на конзервативците во Австрија
15 октомври 2017На австриските парламентарни избори триумфира Народната партија на Австрија со освоени 31, 6 проценти од гласовите.
Социјалдемократите станаа само втора политичка сила со 26, 8 насто, а причини за радост имаат десните популисти, Слободарската партија на Австрија, која е на трето место со освоени 26 проценти и може да се надева и на влез во владата. Се очекува Курц, познат по својата остра политика на азил, да влезе во коалиција со нив.
„Денешниот ден е јасен и силен налог кој ни е доделен за промена на земјата“, изјави Курц. Тој најави дека е отворен за разговори со сите партии, па и со досегашниот коалиционен партнер, Социјалдемократската партија на Австрија, предводена од канцеларот Кристијан Керн. Сепак, продолжение на досегашниот црвено-црн кабинет се смета за малку веројатно. Горчлив пораз доживеаја австриските Зелени, кои пропуштија влез во сојузниот парламент.