1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ужасот по земјотресот

АА/емф29 август 2016

Снимки направени со камера прицврстена за дрон, го покажуваат драматичниот обем на разурнатоста по катастрофалниот земјотрес во Италија.

https://p.dw.com/p/1Jqzz
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/C. Chiodi

По големиот земјотрес што се случи во средата рано изутрина и повеќето од 1300 потреси на земјата потоа, бројот на жртвите се зголемува. Според досегашните информации бројот на загинати изнесува најмалку 290, а има повеќе од 400 повредени. Околу 2500 луѓе се останати без покрив над главата. Најмногу погодено е селото Аматриче во регионот Латиум, каде загинаа најмалку 230 луѓе.

Ужасот по земјотресот