1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Украинската армија го напушта Крим

Карстен Кинтоп/ Александра Трајковска24 март 2014

Украинската влада, со оглед на реалноста, нареди повлекување на своите војници од Крим. Тие секако се премногу немоќни во однос на руските сили за безбедност. Тие утрово зазедоа уште една воена база.

https://p.dw.com/p/1BUt1
Фотографија: Getty Images

Во рок од два дена руските и сили за безбедност изведоа две слични акции: кратко пред изгрејсонце руските војници насилно невлегоа во воената база Феодосија на Крим. Тие употребиле шок гранати и било стрелано. Владислав Селесов, портпарол на регионалната канцеларија на украинското Министерство за одбрана на Крим изјави дека специјална единица навлегла од двете страни на базата: „Тие ја запоседнаа базата. Во една од касарните се виде силен чад, најверојатно од пожар“.

Русите брзо ја зазеле базата. Потоа го симнале украинското знаме и го развеале руското знаеме. Според Селесов потоа базата ја напуштиле камиони кои ги однеле украинските војници. Според очевидци, на војниците им биле врзани рацете.

Се вели дека војниците требало да бидат сослушувани, некои веќе биле повторно ослободени. Украинските медиуми информираат дека Русите претепале двајца украински офицери и ги однеле на медицински третман со хеликоптер.

Прилог за деескалација

Украинската влада сега презема чекор кој не можеше да се одбегне: преодниот претседател Олександар Турчинов нареди украинската армија целосно да се повлече од Крим. Тоа значи дека украинските војнци ќе ги предадат и последните бази. Непознато е уште колку бази се во рацете на украинската војска. Наредбата на Турчинов е прилог кон деескалација на состојбата.

Ukraine Interim Präsident Alexander Turtschinow 23.02.2014 2013
Олександар ТурчиновФотографија: picture-alliance/Itar-Tass/Maxim Nikitin

Во последните денови украинските војници не пружија ништо повеќе отколку симболичен отопор кон руската војска, со тоа што на пример ја пееја националната химна, пред да и‘ се предадат на судбината и да ја предадат базата. Дали Москва ќе и‘ ги врати на Украина на полуостровот заземените воени бродови, тенкови, оружје и муниција, за тоа не се зборува.

Струјата како политичко оружје?

Преодната влада во Киев нема многу опции за одбрана. Воен ангажман воопшто не е опција, односот на силите е премногу неизбалансиран. Останува економскиот притисок, на пример со тоа што ќе биде отсечено снабдувањето со струја и вода. Вчера вечер во делови на полустровот немаше струја. Заменик премиерот на Крим потоа ја обвини Украина, дека го намалила снабдувањето со струја. Во моментов пристигнувало само половина од договорената испорака.

Дали немањето на струја се должи на технички проблем или не засега е непознато. Со оглед на тоа што Крим, според украинското гледиште и натаму е украински, би било нелогично Киев да го прекинува снабдувањето со вода и струја на сопственото население. Премиерот Арсени Јацењук неодамна кажа дека Крим и натаму би требало да се снабдува, и покрај тензиите; меѓутоа Русија би морала да плати за тоа.