1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Религија

Украинската православна црква–МП раскрсти со Русија

ЖА / агенции
28 мај 2022

Една од православните цркви во Украина, УПЦ - МП најави прекин на вековните односи со Русија и прогласи независност

https://p.dw.com/p/4Bz5g
Ukraine | Onufrij Patriarch der ukrainisch-orthodoxe Kirche
Фотографија: Andriy Andriyenko/ZUMA/IMAGO

Украинската православна црква – Московска патријаршија прогласи вчера целосна независност од духовното водство во Русија поради руската инвазија врз Украина.

Во  Украина постојат неколку цркви на православните христијани, во кои спаѓаат и Украинската православна црква – Московска патријаршија и во 2018 настанатата Православна црква на Украина. УПЦ-Московска патријаршија досега беше подредена на поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил.

Кирил е верен на шефот на Кремљ, Владимир Путин и ги поддржува руските воени операции во странство, нарекувајќи ги противниците на руската армија во Украина „сили на злото“ и обвинувајќи ги украинските војници за „желба да го скршат историското единство на двете земји".

„Се спротиставуваме на позицијата на  Московскиот патријарх Кирил  (...) за војната“, соопшти Украинската православна црква – Московска патријаршија по одржаниот собор посветен на руската агресија. Соборот ја осудил „војната како повреда на божјата заповед ‘Не убивај' и изразил сочувство до сите кои страдаат од неа.

Соборот апелира до Украина и до Русија да го продолжат процесот на преговори и да најдат начин за прекин на крвопролевањата. Црковниот портпарол, митрополитот Климент за новинската агенција АФП истакнал дека Московскиот патријарх Кирил пропуштил „осуда на руската воена агресија“ и „наоѓање утешни зборови за страдалниците во Украина“.

Russland | Präsident Putin und Patriarch Kirill
Тесни врски - рускиот претседател Владимир Путин и патријархот КирилФотографија: Mikhail Metzel/Sputnik/Kremlin Pool Photo/AP/picture alliance

Руската православна црква  пак тврди дека досега не добила никакво официјално соопштение од УПЦ, за која смета дека се наоѓа во „многу тешка ситуација и е ставена под притисок од повеќе правци: од власта, од интриганти, од националистички насочени луѓе и од медиумите“, како што напиша портпаролот на РПЦ, Владимир Легојда на Телеграм со дополнување: „Екстерни сили се обидуваат да го уништат единството на Руската православна  црква“. 

Украинската црква преку 300 години беше поврзана со Патријаршијата во Москва, нејзиното отцепување би било трето по ред религиозно раздвојување на Украина од Русија во рок од неколку години. По руската анексија на украинскиот полуостров Крим во 2014 година и континуираната руска поддршка на сеператистичките бунтовници во источна Украина, во декември 2018 година беше создадена независна од Русија, автокефална  Православна црква на Украина.

Руски игумен помага на Украинци

Во вториот изданок, УПЦ, опстои натамошен  длабок расцеп: меѓу верници  на Московската патријаршија, оддадени на Москва и оние кои беа за отцепување, по што се нарекуваат Православна украинска патријаршија.

Руската инвазија врз Украина и нејзината поддршка од страна на патријархот Кирил, го зголемија притисокот врз УПЦ-МП. Стотици свештеници ставија потпис на отворено писмо со барање за изнесување на Кирил пред верски трибунал.

Киевскиот патријархат, кој се чувствува поврзан со Вартоломеј Први, патријархот од Константинопол, во обзнанувањето независност од страна на УПЦ-МП гледа само ПР-потег. „Тие не го осудија Кирил, не ги прекинаа односите со него“, напиша заменикот портпарол на митрополитот Јевстратиј на Фејсбук. Дали под овие околности ќе биде можна повторна фузија на двата табора, останува отворено прашање.