1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бранителите во Мариупол одбиваат да се предадат

БГ /АП
6 мај 2022

Украинските борци кои се борат против руските сили во тунелите на челичарницата во Мариупол одбиваат да се предадат. Најавуваат дека ќе се борат до крај.

https://p.dw.com/p/4AveK
Азовстал Мариупол Украина
Чад од постојано бомбардирање над фабриката Азовстал во МариуполФотографија: Alexei Alexandrov/AP/picture alliance

Борбите во последното прибежиште на украинските сили во стратешкото пристаниште Мариупол стануваат очајнички, но нема најава за предавање на бранителите. Се проценува дека околу 2.000 украински војници го продолжуваат отпорот во подземните тунели на огромната фабрика Азовстал. Неколку стотици цивили успеаја да се извлечат во последните неколку дена. 

„Тие нема да се предадат“, изјави Катерина Прокопенко, сопруга на лидерот на одбраната, откако разговараше телефонски со него. „Нивната единствена надеж е чудо“, вели таа. Нејзиниот сопруг, командантот на баталјонот Азов, Денис Прокопенко и порачал дека нема намера да се предава.

Генералштабот на украинската армија во петокот соопшти дека во Азовстал се водат тешки борби и оти Русија, со поддршка од авијацијата, ги продолжува нападите врз фабриката. 

Шпекулациите се дека рускиот претседател Владимир Путин инсистира Мариупол да биде целосно освоен до понеделник, 9 мај, кога Русија ја слави победата над фашизмот во Втората светска војна. 

Проценките се дека покрај украинските борци, во тунелите се останати и неколку стотици цивили.

„Има многу ранети борци, но тие не се предаваат. Ги држат своите позиции“, соопшти претседателот Володимир Зеленски во ноќната видео-порака. 

Предавство им го отворило патот на Русите 

Русите успеале да влезат во челичарницата со помош на електричар кој ги знаел просторните планови на објектот, тврди Антон Герашченко, советник во украинското МВР. 

„Тој им ги покажал подземните тунели кои водат до фабриката“, изјави Герашченко. 

Кремљ и натаму демантира дека неговите трупи ја напаѓаат фабриката и бара од Украинците да се предадат. Русија ги обвинува борците дека не им дозволуваат на цивилите да го напуштат објектот. 

Ukraine | Pro Russische Soldaten in Mariupol
Руски трупи во МариуполФотографија: Alexander Ermochenko/Reuters

Мариупол е стратешко пристаниште чие освојување ќе и овозможи на Русија да создаде копнен коридор до полуостровот Крим, кој го освои од Украина во 2014 година, и да ослободи повеќе трупи за продолжување на офанзивата на северот на Украина.

Капетанот Свјатослав Паламар, заменик командант на баталјонот Азов, на украинската ТВ апелираше за евакуација на цивилите и ранетите војници од челичарницата, објаснувајќи дека војници „умираат во агонија поради недостаток на адекватен третман“. 

Евакуација од челичарницата во Мариупол