1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Унијата сака коалициски преговори, СПД допрва ќе одлучува

Нина Веркхојзер | Сабине Кинкарц
14 декември 2017

Дали повторно ќе има голема владина коалиција во Германија? Лидерите на демохристијаните и социјалдемократите за првпат дискутираа за ова. По средбата беше издадено само кратко соопштение.

https://p.dw.com/p/2pML9
Deutschland Spitzentreffen Union und SPD
Фотографија: Getty Images/A. Berry

Местото на одржување на првата средба на лидерите на партиите на Унијата и на социјалдемократите се чуваше во тајност до последен момент. Но, кога вчера попладне нешто пред 18 часот,  Ангела Меркел (ЦДУ) и Хорст Зехофер (ЦСУ), заедно со партиските колеги Александер Добринт (ЦСУ) и Фолкер Каудер (ЦДУ), се беа упатиле во германскиот Бундестаг, беше завршено со тајновитоста. Малку подоцна, лидерот на СПД, Мартин Шулц и  и претседателката на пратеничката група на СПД во Бундестагот, Андреа Налес, ѝ се приклучија на групата. Седеа заедно околу два и пол часа.

Повеќе на темата:

-Германска влада уште не е на повидок

-За СПД, голема коалиција е само една од опциите

-На Демохристијаните им се брза, на Социјалдемократите - не

СПД одлучува утре

Потоа немаше изјави за новинарите, само кратко писмено соопштение. Лидерите на партиите и на пратеничките групи на Унијата и СПД имале „отворен и доверлив разговор", се вели во него. Унијата се изјаснила за започнување на сондирачки разговори  за формирање на стабилна влада. Наспроти тоа, на СПД сè уште му треба време за конечна одлука. Партијата за сондирачките преговори ќе расправа и ќе одлучи утре. 

Spitzentreffen beim Bundespräsidenten
Фотографија: picture-alliance/dpa/K. Nietfeld

Колку што е можно помалку детали да допрат до јавноста - намерата зад оваа тактика е очигледна: откако сондирачките преговори за таканаречената владина коалиција Јамајка (партиите на Унијата со Зелените и  со Либералите) беа постојано придружувани со поплава од фотографии, твитови и интервјуа, деликатниот почетен разговор помеѓу ЦДУ, ЦСУ и СПД требаше да се одвива колку што е можно понепречено. Шесте највисоки претставници на партиите сакаа да разговараат за тоа како изгледаат шансите за новото издание на големата владина коалиција. Некоја несмасна реченица која би можела да биде изговорена во микрофоните на новинарите, или грубо формулирана твитер порака, би можеле да ја нарушат кревката доверба и да го загрозат целиот процес на преговарање.

Напрегната атмосфера

Сепак, потенцијалните коалиционери досега не се истакнаа со воздржаност: пред да започнат разговорите, немаше недостаток на барања од партиските политичари во разни интервјуа - и соодветните реплики. Тие даваат идеја за тоа колку напрагната можеби била  атмосферата на состанокот вчера во вечерните часови. Никогаш порано од основањето на Сојузна Република Германија  формирањето на влада не било толку комплицирано. За сите вклучени во рзговорите многу нешта се во игра.

Особено под притисок се социјалдемократите, кои на изборите во Бундестагот го остварија најлошиот резултат во нивната историја. Гласачите гласаа против големата коалиција, аргиментираат тие. Тогаш зошто да се влегува во нејзино ново издание? Тоа може само да му наштети на СПД. Неговото ригорозно отфрлање на големата коалиција лидерот на СПД Шулц меѓутоа го релативизираше по итниот апел од страна на сојузниот претседател Франк-Валтер Штајмаер: „Секој кој аплицира за политичка одговорност на изборите не смее да се колеба кога ќе ја држи во свои раце", изјави шефот на државата. Значи Шулц доби мандат од партиската база за разговори со Унијата. Под еден услов: дискусиите мора да се водат со „отворен резултат“.

 

Kinkartz Sabine Kommentarbild App
Сабине Кинкарц новинарка на ДВ