1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уште едно предупредување од Еу министрите за Хрватска

22 февруари 2005
https://p.dw.com/p/Acv7
Без Готовина, нема преговори
Без Готовина, нема преговориФотографија: AP

,, Преостанатите обвинети од Хаг мора да бидат лоцирани и предадени на судот што е можно побргу” се вели меѓудругото во заклучоците на Еу министрите за Хрватска.

Како што се очекуваше, тие уште еднаш го условија Загреб дека од соработката со Хашкиот Трибунал ќе зависи почетокот на преговорите за членство на Хрватска во Европската Унија, планирани за 17 март. Брисел неколкупати досега ги предупреди властите во земјата дека мора да го пронајдат, уапсат и испорачаат на Хаг избеганиот генерал Анте Готовина, кој е обвинет за воени злосторства.