1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Фетаи: Испадна дека криминалот е во СЈО

БГ
27 ноември 2019

Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи денеска јавно застана во одбрана на дополнителните примања кои ги примале таа и нејзините колеги во СЈО. Се чуди на брзината со која реагирале институциите.

https://p.dw.com/p/3TpJc
Nord-Mazedonien Justiz l Wahlmanipulation - Staatsanwältin Fatime Feta
Фотографија: Petr Stojanovski

Дали биле оправдани дополнителните примања кои ги добивале обвинителите и надворешните соработници во СЈО во текот на неколку години? Во јавноста се крена голема врева околу случајот, а спорни се надоместоците од десетици илјади евра кои вработените во СЈО ги земале неколку години наназад.

Обвинителката Фатиме Фетаи денеска јавно застана во одбрана на примањата, споредувајќи ги со патните трошоци на некои пратеници.

„Генерално, секој обвинител примил околу 22 илјади евра (годишно, н.з.), што не е многу далеку од примањата за патни трошоци кои ги имаат некои пратеници“, вели Фетаи. Платата на обвинителите во СЈО била околу 1.200 евра месечно, но надоместоците ги надминувале и месечните примања. Тие биле делени како додаток за чување на доверливоста на податоците кои ги имале пред себе во СЈО.
Обвинителка денеска се чудеше што, како што рече, „институциите реагирале со брзина на светлината“ со одлуката да се испитуваат бонусите во СЈО. Притоа, Фетаи не го поштеди од критика ниту Јавното обвинителство иронизирајќи дека по се изгледа „најголемиот криминал во последните години се платите и надоместоците во СЈО“, и прашувајќи се дали постои храброст „да се гонат одредени лица за одредени кривични дела“.

Таа коментираше и дека некои пратеници, како Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, треба да бидат на обвинителна клупа, а не да делат совети по медиумите. Се пожали и дека обвинителите наместо да водат истраги се претвориле во „магационери и архивари“.