1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Техника

Фејсбук ja укинувa опцијата за препознавање лица

СН/агенции
3 ноември 2021

Сето требаше да биде целосно во духот на глобалното вмрежување: Фејсбук ги препознава луѓето на поставените фотографии или видеа и ги информира засегнатите. Но, како тоа се вклопува во заштитата на податоците?

https://p.dw.com/p/42Vb6
Софтверот за препознавање на лица на Фејсбук беше спорен од самиот почеток
Софтверот за препознавање на лица на Фејсбук беше спорен од самиот почетокФотографија: picture-alliance/dpa

Компанијата Фејсбук од неодамна преименуван во Мета денеска објави дека го гаси својот систем за препознавање лица, кој автоматски ги идентификува корисниците на фотографиите и на видео снимките и оти ќе избрише снимки од лица на повеќе од милијарда луѓе.

Џером Песенти, потпретседател за вештачка интелегенција на Мета, рече дека компанијата се обидува да ги одмери позитивните случаи за употреба на технологијата за препознавање лица поради растечката социјална загриженост, особено со оглед на тоа оти регулаторите треба да дадат јасни правила во оваа област.

Логото на Мета, новото име на концернот Фејсбук
Логото на Мета, новото име на концернот ФејсбукФотографија: Dado Ruvic/Illustration/REUTERS

Компанијата во 2019 година ја запре праксата за користење на софтверот за препознавање лица за идентификување на пријатели корисници на поставени фотографии и предлози за автоматско „тагирање“, а поради оваа функција, Фејсбук беше тужен во американската сојузна држава Илиноис.

Повеќе: Фејсбук: Нов скандал околу заштитата на податоците на корисниците?

Некои градови во САД им забранија на полицијата и на другите локални власти да го употребуваат софтверот за препознавање лица, а Сан Франциско во 2019 година стана првиот американски град кој ја забрани оваа технологија, по повеќегодишните критики од поборниците за приватност, заштита на податоците и граѓанските слободи.