1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Спасот за вакцини ќе се бара во Белград

ДТЗ
20 април 2021

Како благодарност до Србија за донацијата на вакцини, српските државјани ќе бидат ослободени од плаќање патарина од 15 јуни до 15 август.

https://p.dw.com/p/3sHiM
Nord-Mazedonien Gesundheitsminister Venko Filipce
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Српскиот институт „Торлак“ ќе биде стратешки партнер македонските власти за набавка на вакцини против Ковид-19. Ваква соработка е договорена на денешната средба во Белград, каде престојуваше министерот за здравство Венко Филипче.
„Ние за оваа година го имаме обезбедено и нарачано потребно количество  вакцини. Но, со оглед на тоа што многу е веројатно дека оваа вакцина ќе стане сезонска, во иднина институтот ‘Торлак’ ќе биде првото место каде што ќе се обратиме за набавка на вакцини“, кажа изјави Филипче по средбите во институтот „Торлак“ каде што се произведува руската вакцина „Спутник“.

-повеќе на темата: Вакцините како геополитичко оружје

Во знак на благодарност до Србија за донацијата на вакцини, Владата ќе донесе одлука сите српски државјани да бидат ослободени од плаќање патарина од 15 јуни до 15 август.

Serbien Nis | Bürger aus Westbalkanregion warten auf Impfung
Досега околу 15.000 македонски државјани се вакцинираa во Србија со „АстраЗенека“Фотографија: Jelena Djukic Pejic/DW


Досега околу 15.000 македонски државјани севакцинираaво Србија со „АстраЗенека“, откако македонските власти одлучија вакцината да им се дава само на лица над 60-годишна возраст. Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар по средбата со Филипче во Белград најави две опции за македонските граѓани коишто по 12 недели треба да ја примат и втората дона за вакцината „АстраЗенека“. Според него, тие ќе можат или повтоно да се вакцинираат во Србија, но ќе се разговара и со македонските власти за да им се овоможи нивно вакцинирање во С. Македонија. 

-повеќе на темата: С. Македонија нема да набавува „Спутник“ од Србија

„На граѓаните кои што примија прва доза од вакцина против Ковид-19 во Србија она што најмалку можеме да направиме е да им обезбедиме ревакцинација тука. Тоа е наш принцип, но секогаш може да се договориме, бидејќи имаме евиденција на тие граѓани. Ако се договориме и на тој начин е полесно, тие дози може да ги отстапиме на Северна Македонија и таму да се организира вакцинирањето. Тоа дополнително ќе го договориме, има уште 12 недели до ревакцинација“, рече Лончар.