1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Филозофијата се враќа во мода

14 декември 2011

Ориентација и животни прашања во германските киосци-почнаа да излегуваат две нови списанија за филозофија. Општеството се‘ повеќе се оддалечува од верата, потребата од барање на смислата на животот расте.

https://p.dw.com/p/13SbG
Фотографија: picture alliance/dpa

Две слаби, голи детски нозе облечени во пар кафеави машки чевли. Под тоа прашањето-зошто раѓаме деца? Тоа е насловната страница на „Филозофскиот магазин“, еден од новите германски списанија, кое сака филозофијата да ја приближи до народните маси.

„Тоа е магазин кој своите прашања ги изнесува на пазарот за да предизвика јавна расправа“, вели главниот и одговорен уредник Волфрам Ајленбергер во воведната статија.

Филозофија за сите - иста е намерата и на другото списание со филозофска ориентација со наслов „Високи сфери“, кое нуди филозофски теми за сите кои сакаат да читаат и да размислуваат.

Значи, прилично широкопојасна целна група. Потенцијалните читатели веќе во првиот број се среќаваат со прашањето: Не смееш да лажеш. Но, зошто?