1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Финале на Ролан Гарос: Ѓоковиќ против Надал

ЕМФ/бета/дпа10 јуни 2012

Новак Ѓоковиќ денеска (10.06) во финалето на Отвореното првенство на Франција игра против Рафаел Надал. Во женска конкуренција вчера титулата ја освои Марија Шарапова.

https://p.dw.com/p/15BYU
Фотографија: dapd

Рафаел Надал попладнево ја брани титулата на Ролан Гарос. Доколку победата ја однесе Новак Ѓоковиќ, тој би станал актуелен шампион на сите четири грен слем турнири.

Вчера, во финалето во женска конкуренција, победи руската тенисерка Марија Шарапова. Русинката не и‘ остави никакви шанси на аутсајдерот во мечот, Италијанката Сара Ерани - победи со 6:3 и 6:2 по сетови. Титулата за Шарапова на овогодишниот Ролан Гарос уследи по освојувањето на Вимблдон во 2004. година, Ју-Ес Опен во 2006. и Аустралијан Опен во 2008. година. Со тоа таа стана четврта жена која ги има освоено сите четири најголеми турнири.

Tennis French Open 2012 Maria Sharapova
Марија Шарапова на колена по мечот во ПаризФотографија: Picture-Alliance/dpa

„Мислев дека освојувањето на Вимблдон, кога имав 17 години, ќе ми биде најдраг момент во кариерата. Но кога денес паднав на колена, сфатив дека е ова многу посебен момент и повеќе од тоа“, изјави Шарапова вчера во Париз.

Русинката на наредната ранг листа ќе биде прва, додека Сара Ерани утре првпат ќе се најде меѓу најдобрите десет на ВТА листата.