Фич го намали кредитниот рејтинг на Италија
9 март 2013По изборниот пат во Италија, рејтинг агенцијата Фич го спушта палецот надолу за Италија. За Рим во иднина би можело да стане поскапо доаѓањето до свежи пари, а проблемите би можеле да се заострат уште повеќе. Агенцијата нагласува и дека рецесијата во Италија е една од најдлабоките во Европа, предупредувајќи дека политичката неизвесност и идните структурни реформи, кои се под знак прашање, претставуваат ризици кои и‘ се закануваат на реалната економија.
Италијанската влада во својата прва реакција укажува на тоа дека рејтинг агенцијата Фич исто така го признава и напредокот на Италија во текот на изминатите две години, соопшти агенцијата Анса. Во соопштението на Фич, на пример, се зборува за значителен напредок во консолидирањето на буџетот.