Блиска средба на астероид со Земјата
2 септември 2020Релативно малиот астероид со ознака „2011 ЕС4" вчера доцна попладнето по средноевропско време, мина прилично блиску до Земјата, иако без ризик од колизија. Но, растојанието на кое астероидот помина покрај Земјата, отприлика една третина од дистанцата до Месечината, конкретно тоа се околу 120.000 километри, е многу мало. Астрономите проценија дека астероидот има пречник меѓу 22 и 49 метри. Удар врз Земјата или негов распад во атмосферата веројатно би предизвикал сличен настан како оној на 15 февруари 2013 година во околината на рускиот град Чељабинск, кога метеор од 19 метри се распрсна на 3.000 километри височина во атмосферата над градот. Создадениот притисок предизвика бројни оштетувања на зградите, а повеќе луѓе беа повредени од распрснати стакла.
Астероидот „2011 ЕС4" инаку редовно кружи во земјината орбита.