Автомобили и мобилност
Германците и љубовта кон олдтајмерите
9 април 2018Реклама
Паралелно со растечката куповна моќ на населението, расте и бројот на олдтајмери во Германија. Согласно тоа сѐ почести се и смотрите на старите добро очувани автомобили. Една од нив е и панаѓурот на олдтајмери и делови за нив во Дрезден, кој годинава се одржа по осми пат. На оваа #ФотографијаНаДенот во преден план е еден олдтајмер на БМВ од моделот Дикси кој „гордо“ крстосува по улиците на Дрезден.