1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Епидемијата во Кина попушта

11 март 2020

Нареден според боите на болничките униформи, медицинскиот персонал на привремена болница во жариштето на епидемијата на коронавирусот во Вухан го слави затворањето на установата.

https://p.dw.com/p/3ZCKn
BdTD China Coronavirus - medizinisches Personal feiert die Schließung eines temporären Krankenhauses
Фотографија: Imago Images/Xinhua/Xiao Yijiu

Во регионот Хубеи беа подигнати 16 привремени болници. Во милионскиот кинески град Вухан дел од претпријатијата, оние кои се важни за глобалните индустриски синџири, повторно почнуваат со работа со претходна согласност од властите.

Кинескиот претседател Ши Џинпинг завчера ја посети кризната провинција Хубеи и истакна дека епидемијата таму во значителна мерка е сузбиена. Во Кина досега се регистрирани 81.000 инфицирани со коронавирус и 3160 смртни случаи, но во последните денови бројот на новозаразени опаѓа. Преку 61.000 од заболените ги напуштиле болниците.