1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

За трговците со оружје, пандемија нема

СН/агенции
15 март 2021

Надежите дека коронавирусот може малку да ги расипе зделките на најголемите извозници на оружје во светот досега не се остварија.

https://p.dw.com/p/3qdJG
US-Panzer Symbolbild Waffenhandel
Фотографија: Andreea Alexandru/AP/dpa/picture alliance

По неколку години силен раст, глобалниот извоз на оружје се стабилизира на речиси непроменето високо ниво.

Како што наведува Стокхолмскиот институт за истражување на мирот-СИПРИ во својот нов извештај, обемот на испораки на оружје на големи средства за вооружување како што се тенкови и подморници е сè уште близу до рекордот по завршувањето на Студената војна.

Според СИПРИ, обемот на извозот во годините 2016 до 2020 година доживела мал пад за 0,5 проценти во споредба со претходниот петгодишен период, но сепак е за 12 проценти поголем отколку во петте години (2006-2010) претходно.   

Повеќе:

-Оружјето не помага против коронавирус

-Светот „гори“, трговијата со оружје цвета

-Блескави времиња за трговците со оружје

Покрај Германија, според СИПРИ, и САД и Франција исто така го зголемиле својот извоз на оружје. САД остануваат далеку најголемиот продавач на вооружување во светот. 

„Прерано е да се каже дали ерата на брзиот раст на испораките на оружје во изминатите две децении е завршена“, рече експертот за вооружување на СИПРИ, Питер Веземан. Како последица на пандемијата на коронавирусот, некои држави можеби ќе треба да ги намалат своите трошоци за вооружување. Од друга страна, другите држави склучија нови сеопфатни договори за купопродажба на оружје за време на корона-кризата