Фотографија на денот: Збогум Велика Британијо!
31 јануари 2020Реклама
Со нејзиното заминување ЕУ ќе стане помала за 66 милиони жители и ќе загуби околу 5,5% од својата територија. Освен тоа, ја губи и втората по големина економија. Договорот за Брегзит предвидува преодна фаза до 31 декември 2020 година, во која Британците остануваат дел од внатрешниот пазар на ЕУ и од царинската унија. Тоа има за цел да се избегне преголем удар за економијата. Доколку Велика Британија некогаш повторно сака да стане ЕУ-членка, за неа ќе важат вообичаените критериуми за прием како и за останатите земји, што значи процес кој би можел да трае со години. На #ФотографијаНаДенот демонстранти пред парламентот во Лондон кои сѐ уште не се откажуваат и бараат останување на земјата во ЕУ.