1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зелено-бело-црвено небо над Милано

СН/агенции
26 мај 2020

Во спомен на жртвите од коронавирусот, акробатска ексадрила го обои италијанското небо во боите на националното знаме.

https://p.dw.com/p/3cl8o
BdTD Italien Coronavirus | Frecce Tricolori
Фотографија: Reuters/F. Lo Scalzo

По повод празникот  на Републиката на 2 јуни и во спомен на жртвите од Ковид-19, девет авиони на  аеробатската ескадрила „Фрече триколори“  или „Тробојни стрели“ се вивнаа на италијанското небо. Над северно-италијанските градови Тренто, Кодоњо, Милано, Торино и Аоста, тие го обоија небото во националните бои: зелена, бела и црвена боја.

Здравствените власти во Италија синоќа соопштија дека во изминатите 24 часа во земјата се регистрирани уште 300 заразени од коронавирусот, додека бројот на починати се зголемил за 92 лица. 

Земјата со повеќе од 230 илјади регистрирани инфекции и близу 33 илјади починати е една од најтешко погодените од пандемијата во Европа и во светот.