Кинески ровер првпат слета на Марс
15 мај 2021Роботот „Журонг“ ноќеска слета на рамнината Утопија на Марс, објавија кинеските државни медиуми, а потврди и Кинеската национална вселенска агенција (ЦНСА).
Роботот кој има тежина од 240 килограми ќе се задржи околу три месеци, истражувајќи ја атмосферата и површината на Марс и фотографирајќи. Тој функционира на соларна енергија и се движи на шест тркала.
Уште самиот старт на сондата за Марс, „Тијанвен1“ со роверот минатиот јули беше важен успех за кинеската вселенска програма. „Тијанвен-1“ се состои од три компоненти: орбитер, летало и роботско возило, а масата на целото вселенско летало е околу 5 тони. Откако роверот слета на површината, орбитерот ќе продолжи да кружи околу Црвената планета. Процесот на слетување на роверот беше нарекуван и „седум минути ужас“, зашто течел со поголема брзина од радиосигналите од Марс кои можат да стигнат до Земјата.
Тоа значи дека тимот на кинеската мисија за Марс можел целосно автоматизираното слетување да го надгледува само по одложена временска дистанца.
Пред „Журонг“ во тешкиот маневар на слетување неуспех претрпеа роботи на други земји, како на пример во 2016 година кога Русија и Европската агенција за вселенски летови ЕСА заеднички ја испратија сондата „Скиапарели“, која се разби при допирот на површината на Марс.
Кина е значи првата земја на која уште во првата мисија ѝ успеа операцијата на слетување на сонда и робот на Црвената планета, на САД за тоа им беа потребни повеќе обиди. Во февруарироверот „Истрајност“ на Американската вселенска агенција Наса успеа да слета на Марс и во април испрати серија впечатливи снимки.