1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Лукашенко оди си!

17 август 2020

Стотици илјади луѓе на опозициските протести во Белорусија вчера побараа оставка од претседателот Александер Лукашенко. Само во главниот град Минск се собраа повеќе од сто илјади луѓе.

https://p.dw.com/p/3h3jw
Minsk | Anti Lukaschenko Proteste
Фотографија: Reuters/V. Fedosenko

Дел од учесниците на протестите се огледуваат и во очилата на демонстрантот на оваа #ФотографијаНаДенот. Луѓето излегоа на улиците и во голем број други градови во земјата. Во знак на мирен бунт против авторитарниот претседател на земјата многумина беа облечени во бело, а в раце носеа цвеќиња и балони. Според најавите, денеска противниците на Лукашенко имаат намера да поднесат кривични пријави поради полициското насилство против мирни граѓани. На демонстрациите во Белорусија починаа најмалку две лица. Според медиумите, исчезнати се и околу 80 лица. Протестите, како што се најавува, нема да запрат и во деновите што доаѓаат.