Медалот за Заев и Ципрас
16 февруари 2019Реклама
Наградата ја доделува Минхенската безбедносна конференција, за извонреден допринес во мирот и во решавањето на конфликти. Заев и Ципрас ќе добијат медали како на оваа #ФотографијаНаДенот како признание на нивните напори да го решат повеќедеценискиот конфликт околу името Македонија меѓу Скопје и Атина.
Волфганг Ишингер, претседателот на Минхенската безбедносна конференција, која започна вчера а ќе трае до недела, на Твитер напиша дека „тоа е причина за славење“. Тој за агенцијата АНА-МПА рече оти Преспанскиот договор е „историско достигнување“. Наградата се доделува од 2009 година, а името го носи по Евалд фон Клајст кој во 1963 година ја основаше Минхенската безбедносна конференција и беше нејзин претседател до 1998 година.