Природа и животна срединаИталија
Опасниот глечер
7 август 2020Реклама
Според експертите, околу 500.000 кубни метри мраз би можеле во лавина да паднат во долината - што е приближно еквивалентно на 200 полни олимписки базени. Мразот на глечерот Планпенсије започна да се топи и придвижува заради големите температурни разлики во изминатите неколку дена. Глечерот под Мон Блан, највисокиот врв на Алпите, сега преставува голема закана за блиската населба Курмајор во долината Аосте. Властите спроведоа итна евакуација на мештаните и на туристите и соопштија дека наредните 72 часа ќе бидат критични.