РелигијаКанада
Папата Франциско побара прошка
26 јули 2022Реклама
Папата Франциско, на почетокот од својата шестдневна посета на Канада, на средбата со претставници на домородното население побара прошка за повеќедецениското соучесништво на црквата во „културното уништување“ на нивните заедници во минатото.
„Ништо не може да ги згасне повреденото достоинство, доживената болка и изиграната доверба“, но потребен е почеток на процес на помирување, изјави папата.
Илјадници деца на автохтоните народи во Канада биле „превоспитувани“ во интернати, главно под патронат на Католичката црква, каде многу од нив биле изложени на злоставување, голем број починале како последица на болести и неухранетост.