1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Протест со соблекување

22 октомври 2021

Десетици поранешни стјуардеси на италијанската авиокомпанија Алиталија во Рим протестираа во долна облека.

https://p.dw.com/p/420iy
Rom Flashmob | Hostessen Ita Airways
Фотографија: Piero Tenagli/IPA/picture alliance

Италијанската авиокомпанија Алиталија замина во историјата. Компанијата наследничка - ИТА Ервејс, сака да го заземе местото на Алиталија врз грбот на своите вработени. Имено, помалку од 3000 од вкупно 10.000 вработени во Алиталија треба да бидат преземени во новата авиокомпанија. Притоа, под полоши услови.

Стјуардесата Кристина Погеси, која е претставничка на синдикатот, објаснува:

„На 15 октомври ни ја зедоа кожата. Ако ни ја земат униформата, значи дека ни зеле сѐ. За нас униформата е нешто што нѐ претставува во светот и секогаш ја носевме со гордост. Овде сме за да ја изразиме својата болка и солидарност со колегите кои беа принудени од страна на ИТА да потпишат понижувачки договори.“