1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Селфи пред ураганот „Дориан“

5 септември 2019

Можеби последен погоден момент за селфи снимка додека се чека на ударот на ураганот „Дориан“ на брегот на Јужна Каролина...

https://p.dw.com/p/3P1wy
BdTD USA Hurrikan Dorian in Charleston
Фотографија: Reuters/R. Hill

Според метеоролозите, ураганот може да удри на копно на брегот на Јужна Каролина или Северна Каролина. Во двете американски сојузни држави, како и во Џорџија и Вирџинија, прогласена е вонредна состојба. Експертите предупредуваат дека невремето може да донесе опасни по живот поплави и ветрови. Значи, по селфито, брзо во засолниште!

Ураганот „Дориан“ не попушта

Ураганот „Дориан“ на Бахамите претходните денови предизвика вистинска пустош,  бројот на жртвите, според министерот за здравство, Дјуен Сендс се искачил на 20, а можно е натамошно да расте. ОН соопштија дека 70.000 луѓе имаат итна потреба од помош за преживување.