1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Топлотен бран во Индија и Пакистан

30 април 2022

Стотици милиони луѓе во северна Индија и Пакистан страдаат од огромните горештини, со температури од 50 степени Целзиусови.

https://p.dw.com/p/4AeNs
Indien Hitzewelle | Straßenszene in Delhi
Фотографија: Anushree Fadnavis/REUTERS

Горештини какви што не се вообичаени за април - во северна Индија и Пакистан сонцето ја искачи температурата до 50-от степен. Вакви температури во овој дел од годината во тој дел од светот досега немало, вели истражувачот на климата Ерих Фишер за швајцарската радио телевизија СРФ. Се очекува овој топлотен бран да ги урне сите рекорди. Горештините се поврзани со висока влажност на воздухот, што ги доведува луѓето до границите на нивната издржливост, вели Фишер.

Топлотниот бран го зафати регионот кој важи за еден од најгусто населените во светот. Луѓето живеат блиску еден до друг, загадувањето на воздухот е големо, а ноќите топли. Многу луѓе немаат можности за разладување. Доколку вакви топлотни бранови во иднина траат подолго, луѓето не би можеле да живеат во тој регион без клима уреди, проценуваат експертите.

Девојчето на оваа фотографија нуди вода за разладување на улиците на Њу Делхи, продавајќи скриено под чадор на пеколните температури на улиците на главниот град на Индија.