1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тропската бура Кристобал удри на брегот на САД

8 јуни 2020

Тропската бура Кристобал го погоди југоисточниот дел на американската сојузна држава Луизијана, носејќи со себе силен ветер, обилни дождови и опасност од поплави.

https://p.dw.com/p/3dPp4
BdTD USA Tropensturm Cristobal
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/G. Herbert

Кристобал произлезе од бурата Аманда, која претходно во централна Америка однесе 30 животи и предизвика поплави и лизгање на земјиштето. Сезоната на урагани во Атлантикот почна на 1 јуни и ќе трае до ноември. Според експертите, поради климатските промени е можно оваа сезона на урагани да биде особено интензивна. На нашата #ФотографијаНаДенот бран удира во пристаништето во Њу Орлеанс.