1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Религија

Фотографија на денот: Честит Божик

25 декември 2021

Христијаните кои се водат според Грегоријанскиот календар денеска го слават Божик.

https://p.dw.com/p/44ota
Vatikan Christmette Papst Franziskus
Фотографија: Filippo Monteforte/AFP

Папата Франциско на големиот христијански празник ги повика луѓето на скромност. „Да не плачеме по големината којашто ја немаме. Да престанеме да се жалиме и да се муртиме и да престанеме со алчноста која нѐ прави секогаш незадоволни“, рече поглаварот на Римокатоличката црква во текот на полноќната миса во Ватикан.

Папата и годинава го прослави Бадник во услови на посебни мерки поради пандемијата. Во базиликата Свети Петар имаше околу 1500 гости, а на плоштадот пред неа повеќе стотици луѓе кои ја следеа мисата на видеобимови.

Денеска напладне папата Франциско ќе ја упати божиќната порака до „градот и светот“ (Urbi et orbi). Во изминатите години тој во својата порака се изјаснуваше со врска со некои меѓународни кризи во светот.