1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Франција бара решение за спорот меѓу Скопје и Софија

10 јануари 2022

Во план е во јуни да се организира конференција за Западен Балкан, како еден од приоритетните региони за Париз и за ЕУ. 

https://p.dw.com/p/45LL3
Македонското и знамето на ЕУ на улица во Скопје
Македонското и знамето на ЕУ на улица во СкопјеФотографија: picture-alliance/AP Photo/B. Grdanoski

Франција бара начин како да се надмине спорот меѓу Скопје и Софија. Во план е во јуни да се организира конференција за Западен Балкан, како еден од приоритетните региони за Париз и за ЕУ. 

Висок дипломатски извор за МИА вели дека француското претседателство сака да го надмине спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија, и дека треба да ја почитува временската рамка дадена од страна на Софија. 

На прашањето дали Франција сака и планира да ги одржи првите меѓувладини конференции за пристапните преговори со Македонија и Албанија, дипломатот вели дека Париз досега се покажал многу активен за деблокирање на ситуацијата меѓу Скопје и Софија.

Ајфеловата кула во Париз светеше во боите на знамето на ЕУ, по повод почетокот на претседателствувањето на Франција со Унијата
Ајфеловата кула во Париз светеше во боите на знамето на ЕУ, по повод почетокот на претседателствувањето на Франција со УнијатаФотографија: Alain Jocard/AFP/dpa/picture alliance

„Сега со новата бугарска влада се чини дека има пат кој може да биде дефиниран. Самата влада рече дека ќе треба неколку месеци, мораме да се впишеме во оваа рамка, но истовремено владата отвори перспектива и таа може да остави надеж дека се можни резултати пред крајот на овој семестар. Тоа е тоа што ќе се обидеме да го поттикнеме во улога на претседателство, и тоа би било добра вест ако досието на Македонија, и со тоа на Албанија, бидат деблокирани, и да можеме да ја примениме новата методологија“, вели висок дипломат од француското претседателство.

Француското претседателство планира во јуни да организира Конференција за Западен Балкан, како еден од приоритетните региони за Париз и за ЕУ. Целта на француското претседателство со оваа конференција е да се размисли за начините да се поддржат процесите во регионот и да се пресретнат фрустрациите и ризиците.