Франција и натаму блокирана од штрајкот
27 мај 2016Француските синдикати денеска ги повикаа работниците да ги засилат протестите против спорниот закон за реформа на пазарот на труд. Само две недели пред почетокот на Европското првенство во фудбал кое ќе се оддржи токму во Франција, земјата е блокирана од штрајковите кои траат повеќе од една недела и кои го попречија транспортот и предизвикаа кусоци во снабдувањето со гориво. Имено поради штрајкот на вработените во француските рафинерии, бројни бензински станици остана без гориво. Штрајкуваат и вработените во 16 од вкупно 19 атомски централи во Франција кои обезбедуваат 75 проценти од електричната енергија во Франција. Синдикатите најавуваат дека нема да се откажат од своите барања, владата да го повлече спорниот закон.
Погледнете го видеото на оваа тема: