1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Хаити: Хаос по масовно бегство од затвор

СН/агенции
27 февруари 2021

Најмалку 25 лица се убиени по масовно бегство од затвор во главниот град на Хаити. Меѓу нив се директорот на затворот, цивили и затвореници. Пренатрупаните затвори и масовните бегства не се новост во карипската земја.

https://p.dw.com/p/3q052
Haiti Gefängnisausbruch
Фотографија: Dieu Nalio Chery/AP Photo/picture alliance

Меѓу настраданите е и Анел Жозеф, шеф на познатата банда која, исто така, во четвртокот побегна од затворот во Порт о Пренс, главниот град на Хаити. Жозеф стигнал на стотина километри од затворот со лисици на рацете, така што непознато лице го возело на мотор.

На еден контролен пункт тој вперил пиштол на полицијата која потоа го застрелала. Идентитетот на остантите жртви не е познат. Иако, официјалните лица потврдија дека меѓу жртвите е и директорот на затворот, како и оти бегалците пукале врз цивили.

Во четвртокот попладне над 400 затвореници под нејасни околности побегнале од затворот. Очевидците велат дека слушнале пукање. Во блиската продавница за облека работниците биле приморани на затворениците да им дадат облека.

Haiti Gefängnisausbruch
Фотографија: Dieu Nalio Chery/AP Photo/picture alliance

Најмасовно бегство во последната деценија

Според официјалните лица, над 200 луѓе сѐ уште се во бегство. „Некои од нив носат лисици. Нема далеку да стигнат“, велат тие.

Овој затвор од висока безбедност во главниот град има место за 872 затвореници, но во моментот на бегството во него имало 1.542, речиси двојно од капацитетот.

Ова е најмасовно бегство од затвор во сиромашната карипска земја во последните 10 години. Од истиот затвор во 2014 година вооружени напаѓачи ослободија над 300 луѓе. Претходните години имаше масовни бегства и од други затвори.

Повеќе:

-Фотографија на денот: Протести поради недостиг од бензин

-Хаити по ураганот - урнатини и колера

-Провизорни домови и колера - секојдневие на Хаити и две години по земјотресот

Haiti I Fluchtversuch im Gefängnis Croix des Bouquets
Фотографија: Reginald Loussaint/AFP/Getty Images

Хаити, земја со околу 11 милиони жители, се наоѓа во тешка политичка криза од почетокот на февруари, кога властите уапсија околу 20 лица, вклучувајќи судија и полициски генерален инспектор, тврдејќи дека планирале пуч и атентат врз претседателот Жовенел Моиз.

Политичките противници тврдат дека претседателскиот мандат на Моиз е истечен затоа што тие не ги признаваат резултатите од повторените избори. Според властите, претседателот има уште една година на мандат функцијата. Протестите против Моиз се секојдневие.