Хамбург: по забраната за дизел - воздухот позагаден!?
22 ноември 2018Податоците од хамбуршката надлежна служба за следење на оптовареноста на воздухот со штетни честички велат дека судски изнудената забрана за движење на дизел-возила во две улици во Хамбург не го постигнала очекуваниот ефект. Критичарите уште претходно предупредија дека мерката на која инсистираше лоби-здружението „Германска еколошка помош“ е несоодветна и нема да доведе до редуцирање на концентрацијата на азотни оксиди.
Еколошката служба сепак останува во одбрана на донесената мерка, оценувајќи ги споредбите на најновите мерења со истиот месец лани како „несериозни“, зашто вистинска слика може да се даде само по подолг период, односно во април 2019. година. Забраната за движење на дизел-возила во двете хембуршки улици е само дел од палетата мерки, чија важност останува до 2020. година, до кога се очекува да даде резултати.
Мерната станица на една од улиците, Макс-Брауер алеја, на која важи забраната за дизел од мај, во октомври покажува оптоварување од 48 микрограми азотни оксиди на кубен метар, додека во октомври 2017. година биле 39 микрограми, притоа ЕУ-граничната вредност изнесува 40 микрограми.